Соласно состанокот на Централниот одбор на ден 12.05.2024 година, на кој беше констатирана оставката на досегашната претседателка Маја Морачанин и согласно членот 31, став 5 од Статутот на партијата, Централниот одбор свика вондреден Конгрес на ДОМ.
Вондредниот Конгрес ќе се одржи на 16.06.2024 година, во 13 часот, во просториите на Младинскиот Културен Центар (МКЦ), Скопје.- На вондредниот Конгрес ќе се избира нов состав на партиските тела и раководство на партијата.
Суштинските програмски определби на Зелената партија ДОМ, и понатаму остануваат приоритет во нејзиното политичко дејствување и заложби за нивно доследно почитување и реализирање.