Денес, зелената партија ДОМ одржа Вонреден Конгрес, кој беше свикан по поднесената оставка на досегашната претседателка Маја Морачанин, по неуспешните резултати на неодамнешните парламентарни избори.
На овој конгрес, партијата избра ново претседателство составено од четири членови кои ќе ја водат партијата како ВД раководство до следните локални избори.
За членови на новото претседателството беа избрани: Александар Анѓушев, Ана Угринска, Антони Новотни и Дане Милошевски.
Новоизбраното претседателство ќе раководи со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер.
ДОМ останува посветен на своите основни вредности и цели, неотстапувајќи од своите програмски приоритети за спроведување на зелените политики во делот на заштитата на животната средина, праведната енергетска транзиција, борбата против корупцијата и почитување на темелните човекови права на сите граѓани.
Нашата мисија продолжува да биде насочена кон унапредување на општеството и постигнување одржлив и праведен развој, залагајќи се за подобар живот на сите граѓани на Македонија.