Креирање на регионална енергетска политика на Западен Балкан

viber image 2023 10 16 09 26 20 276 850x500 2

Во рамките на Зелената балканска мрежа, во Белград се одржа работилница во текот на викендот за креирање на регионална енергетска политика, се одвиваше како дел од проект на Европската зелена партија, во соработка со Зелениот форум на Шведска.

Ова е првата во низа на работилници кои се планирани. Се залагаме за зелена енергија и справедлива енергетска транзиција, и сме свесни за можностите на секоја од земјите во регионот посебно. Заедно, бараме решение за регионот на Западен Балкан.

Како зелени партии во регионот, идејата е да понудиме решенија кои се потребни, за да можеме како Западен Балкан да се прилагодиме на европските вредности, начинот на функционирање на државите и стандардите потребни за нормален, здрав и демократски живот.

Преку оваа, првата во низа, регионална енергетска политика, покажуваме дека можеме и мораме да соработуваме за да имаме сите прилични услови за живеење и да преземаме одговорност како одговорни политичари кои се свесни дека решението за здрав живот, чиста околина и економски стабилен регион мора да потекне од одговорни политичари кои се спремни да донесуваат одлуки и да нудат решенија заедно со граѓаните.

viber image 2023 10 16 09 26 20 733 1

Во рамките на работилницата, организирана како кругла маса, се обидувавме да разговарме за целите на енергетската стратегија која земјите од нашиот регион можат да ја создадат, како и за чекорите кои треба да ги направиме во идниот период.

Се ова продолжение на нашата заедничка работа во соработка и кооперација помеѓу државите на Западен Балкан, која ја започнавме преку Зелената балканска мрежа на Европските зелени, и продолживме со потписување на Декларацијата за 100 години мир на Балканот во Сараево.

Со заклучоците од оваа работилница, продолжуваме натаму во ноември, кога ќе се сретнеме на втората работилница во Северна Македонија.