ДОМ: Пехчево покажа дека јавниот интерес мора да биде пред нетранспарентните договори

dom zname

ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар.
Ова е важен чекор, но тука не завршува приказната.
Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за влијанието врз потрошувачката на вода и струја. Потенцијалните продобивки и штетни последици од ваквите проекти мора да се објавуваат навремено и транспарантно со целосно вклучување на сите засегнати страни.
И ова не е прашање само за Пехчево. Истите правила мора да важат на целата територија на Македонија.На Македонија ѝ треба дигитален развој, но не по цена на животната средина и јавниот интерес.
ДОМ ќе продолжи да следи и да реагира бидејќи за секој дата-центар, во секоја општина – одлуките мора да се носат целосно транспарентно, одговорно и со учество на граѓаните.