ДОМ како зелена партија со години бара праведна транзиција кон зелена енергија и обновливи извори на енергија. Климатските промени не е тема која сѐ уште станала интересна кај нас, но во последниве години, со временските непогоди што се случуваат, на јавноста ѝ станува јасно дека светот веќе живее во климатски промени
. Електричната енергија е важна, мора да се штеди, да се вложува меѓу другото и во енергетски ефикасни објекти оти не е доволно само ограничувањето на маржата за дистрибуцијата на струја. Треба да им стане јасно на граѓаните дека вложувањето во енергетска ефикасност брзо се враќа, а со оглед на цените на струјата ќе се враќа уште побргу. Затоа ние го поднесовме Законот за енергетска ефикасност кој предвидува Фонд за енергетска ефикасност што се надевам оваа есен ќе влезе во Собранието.
Електричната енергија ќе биде тема не само зимава туку и во следните години. Според пресметките на ЕУ со секој процент зголемена енергетска ефикасност драстично се намалува потрошувачката на струја. – вели Морачанин за Студио 10