ДОМ: Честит 8 Септември-Денот на независноста!

Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита Денот на независноста – 8 Септември, денот кога пред 31 година граѓаните на референдум масовно го дадоа својот глас за создавање суверена и независна Македонија, со што се оствари желбата и сонот и на нашите предци.
Денес и покрај сите предизвици со кои се соочуваме, решително чекориме отворени кон светот, како земја-членка на НАТО и насочени кон прогресивните вредности на Европската унија. Посветени сме на развој на демократијата, владеење на правото, борба против корупцијата, почитување на човековите права, социјална правда, солидарност, заштита на животната средина и климата.
Стекнувањето независност и нашето етаблирање како меѓународно признат субјект се нашата најголема придобивка која ќе остане вечен завет за идните поколенија како историска вредност на која постојано треба да ‘и се навраќаме и да ја славиме.
Нека ни е честит Денот на независноста!