Лидерката на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин на работилница на тема – Адресирање на климатската криза и заштита на иднината на демократијата

Лидерката на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин учествува на регионалната обука за тренери на лидерите на зелените партии, од 27-29 мај, во Сплит. Работилницата на тема: Адресирање на климатската криза и заштита на иднината на демократијата, ја спроведуваат тренери на НДИ од САД и регионот. Учествуваат претставници од зелените партии и движења од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.