ДОМ на состанок на Зелената балканска мрежа

slika soopstenie 1

Делегација од Зелената партија ДОМ во состав: Маја Морачанин лидерка на ДОМ и пратеничка во собранието, Бојан Петровски претседател на МОДОМ, Христа Најданов потпретседател на ДОМ и Ана Угринска меѓународен секретар на ДОМ учествуваа на регионална средба на Зелената балканска мрежа во Црна Гора. На средбата во организација на Европските зелени присуствуваа зелени партии и организации од балканот како и претставници и функционери од зелени партии од Европа.

Претседателката Маја Морачанин имаше свое обраќање на првиот панел заедно со ко – претседателот на европските зелени Томас Вајц и претставници на други зелени партии и организации од Балканот на тема: Размена на искуства и промоција на зелената агенда во регионот и ЕУ. Балканската зелена мрежа се обединува во борбата против климатските промени, заштита на животната средина, борбата против корупцијата и владеењето на правото. Заштитата на човековите права и слободи како и родовата еднаквост се едни од приоритетите за идно делување.