МОДОМ и УРА со заедничка зелена младинска платформа

modom

Претседателот на Младинската организација на ДОМ Бојан Петровски на регионалната средба на Зелената балканска мрежа која се одржа во Црна Гора ја официјализираше соработката помеѓу МОДОМ и младинската организација на УРА од Црна Гора. Петровски и потпретседателката на Forum mladih URA Лилјана Петковиќ ќе го потпишат меморандумот за соработка  кој предвидува заеднички активности на младите од двете држави.

МОДОМ и УРА ја најавуваат и првата зелена младинска платформа на балканот во која ќе бидат вклучени сите подмладоци на зелените политички партии од цел Балкан со цел заедничко делување и соработка преку која младите од регионот заедно ќе ја водат борбата против климатските промени, борбата за поголемо вклучување на младите во сите процеси на креирање на политики и развој на визијата за зелен и одржлив Балкан.