ДОМ: Хуманитарна акција на Форумот на жени на ДОМ за помош на текстилните работнички

Форумот на жени на ДОМ, по повод првомајските и велигденските празници организираше хуманитарна акција за помош на текстилните работнички кои беа најтешко погодени од корона кризата.

Пакетите со основни прехранбени продукти и средства за хигиена ги предадовме на граѓанското здружение Гласен текстилец кое ќе ги достави до социјално ранливата група жени кои имаат најголема потреба за помош.

Со солидарност и хуманост да градиме општество на еднакви можности, во кое никој нема да биде заборавен