ДОМ: ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

Зелената партија ДОМ на сите верници од христијанска вероисповед им го честита големиот верски празник Велигден, ден на Христовото воскреснување, кое секогаш ни дава надеж и верба во надминувањето на страдањата, верба во победата на животот врз смртта и верба во обновата на добрината, моралот и на човечкото достоинство.

 Ви посакуваме овој Велигден да го прославите со своите најблиски во слога, мир, љубов и радост, со почитување на здравствените мерки за заштита од корона пандемијата.