ДОМ: Дали „Треска“ е новиот Холидеј Ин?

Ezero Treska

Зелената партија ДОМ остро реагира по објавите на социјалните мрежи дека во Општина Центар почнале да пристигаат барања за градба на локацијата Треска и дека истите почнале да се разгледуваат. Со планот за локацијата „Треска“ кој е поделен на шест градежни парцели се предвидува да се изградат триесетина нови згради.

Покрај алармирањето на граѓаните, стручните лица и невладините организации и барањата за тој простор да се изземе од планот и дополнително да се уреди преку конкурс, Советот на Општина Центар во Февруари 2020 та покрај одлуката да се распише конкурс, до ден денес истиот не е распишан.

Зелената партија ДОМ прашува зошто за овој план исто како за тој пред Холидеј Ин нема суспензија која е дозволена по новиот Закон за урбанистичко планирање?