Зелената партија ДОМ бара Владата да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга и да го превземе отстранувањето на дивоградбите. Така ќе обезбеди реализирање на посветеноста за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.
По реакциите од граѓаните за нови нелегални градби на охридското крајбрежје, бараме локалниот и државниот инспекторат за градежништво и за животна средина веднаш да извршат инспекциски надзор и записникот од истиот да го споделат со јавноста, а Јавното обвинителство да отвори постапка по допрен глас.
Граѓаните алармираат дека и по превземената акција за уривање на нелегално изградениот ѕид веднаш до езерото во Градиште, тој повторно незаконски се гради. Фотографиите споделени на социјалните мрежи укажуваат дека никнува нова дивоградба на крајбрежјето и се сечат дрва, во пределот на Св. Стефан.