Некаде при средината на декември во Кина се појавува вирус со кој се заразуваат преку 300 луѓе за рекорден период од неколку дена. Си велевме, па далеку е Кина, нема да стигне до тука. На почетокот на Јануари повторно светските медиуми известуваат дека се работи за сериозен вирус кој веќе во градот Вухан ги носи и првите жртви, повторно си рековме, ајде грип е се очекува повозрасни луѓе да бидат починати. Во моментов е Април, втор месец од кога е пријавен првиот случај на заболен од ковид 19 во нашата земја. Билансот е преку 550 заболени. Европа трпи невидена и здравствена и економска штета. На светско ниво повеќе од милион луѓе заболени и илјадници починати, има и многумина што оздравеа. Додека светот брои минуси во економијата пролетта во полн замав пристига.
Дали знаеме дека земјата вибрира и дека вибрацијата се мери ? Точно така, Земјата вибрира според активностите кои ние луѓето ги спроведуваме на цела земјина топка. Светски научници известија дека забележана е значително намалување вибрацијата на земјината топка, поради забраните за движење кои речиси сите земји на свој начин ги практикуваат како мерки за заштита на проширување на вирусот. Забраната за движење ја обновува природата, дали природата го возвраќа ударот врз несовесното владеење на човекот, неумешноста со управување со природните добра и целосна непочит кон планетата земја.
Ги паметам, не беше одамна, пожарите во Амазон и Австралија. Во извештаите стои дека се уништени белите дробови на планетата земја, некои алармираа дека човечки фактор е виновен и дека се е за економски бенефит. Заклучокот е? Целиот економски бенефит во форма на финансии и моќ е на колена за неполн месец. Цел свет во најава на рецесија. Најинтелегентните суштества на земјава, тоа се луѓето толку големи а немоќни во споредба со невидливата честичка наречена Ковид 19
Во овие 2 месеци, прочистени се водите, наливните канали, реките и езерата. Во овие 2 месеци се обновува биодевирзитетот. За само 2 месеци од кога имаме забрана за движење намалена е озонската дупка и намалени се штетните влијанија од климастските промени. Што ќе научиме од оваа криза? Дека човекот е само мал дел од циклусот на природата, ќе научиме дека природата може без човекот ама човекот без природата не. Да научиме дека алчноста и борбата за моќ со брзина на светлината се претвора во забрана за движење и светски економски колапс. Да знаеме сите дека природата има начини да се самообнови. Сите да останеме дома, Земјата се реновира.