ДОМ: Среќна Нова 2020!

Зелената партија ДОМ им ја честита Новата 2020 година на сите граѓани во Македонија, со желби за многу здравје, среќа и успеси.

Следната година како полноправна триесетта членка на НАТО, да ги започнеме пристапните преговори со Европската Унија и да продолжиме да ги развиваме европските демократски вредности во нашето општество. Нека 2020 биде година на бескомпромисна борба со корупцијата и обезбедување владеење на правото, социјална правда и еднакви можности за сите.

Да ги поставиме заштитата на животната средина и итната климатска акција како врвен приоритет и да обезбедиме зелена иднина за сегашните и идните генерации.

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА!