ДОМ како зелена партија го изразува своето големо задоволство од одлуката на Државната второстепена комисија да ја одбие жалбата на канадската компанија која бараше дозвола за експлоатација на руда во рудникот Иловица-Штука. Со ова, рудникот Иловица остана само лош сон!
Не беше залудна тригодишната борба против отворање рудници. Дадоа резултат и протестите и референдумите на граѓанските иницијативи, но и институционалната борба преку носењето на изменетиот Закон за минерални суровини, со кој се забранува употребата на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Тој беше подготвен од пратеничките на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, а изгласан во јануари 2019.
Сега можеме да бидеме спокојни: Иловица не смее да се случи, затоа што предвидената технологија е во спротивност со измените на Законот за минерални суровини. Дополнително, според достапните податоци во јавноста, концесијата на канадската фирма е истечена во 2016, немаат дозвола за експлоатација, градежна дозвола, еколошка дозвола, ниту пак усогласеност со просторниот план.
Работата е чиста и така нека остане!