IN MEMORIAM – Димче Балески

Со голема тага и неверување ја примивме веста дека по кратко боледување, нашиот Димче Балески член на Советот на Општина Валандово не е веќе меѓу нас. Македонија загуби човек со големо срце, човек кој беше голем борец за зелената идеологија, за заштита на човековата средина и произведувач на органска храна.

Со прераното заминување на Димче Балески, ДОМ загуби човек кој со својата неисцрпна енергија, креативни идеи и ведар дух даде огромен придонес во градењето на партијата и во остварувањето на нејзините програмски определби и цели. Беше другар и колега кого сите го почитуваа и сакаа.

На семејството Балески им изразуваме длабоко и искрено сочувство за ненадоместливата загубата на нивниот сопруг и татко.

Димче ќе недостасува во нашите редови, но ние со гордост постојано ќе се сеќаваме на него. Нека му е вечна слава.

Погребот ќе биде извршен денеска, во 13:00 часот, на градските гробишта во Валандово.