Активен поборник сум на запирање на градежните активности во општината и нивно преиспитување согласно ГУП-от, како и за почитување на Законот за урбано зеленило кој предвидува минимум од 20% по градежна парцела. Во 2019 ќе се заложам за поголем ангажман на инспекциските служби, за построга контрола на комуналната хигиена и спроведувањето на мерките против загадувањето, како и санкционирање на нивното непочитување, а се со цел за заштита на животната средина и за поквалитетен живот на граѓаните.