Морачанин од ДОМ: Поддршка за социо-економско јакнење на продавачите на уличен печат “Лицевлице”

Претседателката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин во знак на одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, (4-8 февруари, 2019), заедно со продавачите на “Лицевлице”, на граѓаните низ центарот на Скопје, им го понуди најновото издание на списанието, посветено на тема: одржливо лидерство.

Меѓународната недела на уличен печат во Македонија се слави веќе седум години, и тоа преку единственото улично списание во земјава, кое има околу 40 продавачи кои работат во пет градови во Македонија. Практиката на продавачите да им се придружуваат јавни личности, со цел да се стави акцент на важноста на нивната работа, чија цел е економско и социјално зајакнување, е приод кој се применува и во останатите улични списанија низ Европа и светот.