Младинската организација на ДОМ – МОДОМ смета дека во денови кога неколку градови во Македонија се наоѓаат на првото место по аерозагадување во светот, бесплатниот автобуски превоз мора да продолжи и во наредните денови.
Имајќи предвид дека автомобилите се едни од главните извори на аерозагадување, стимулирањето на граѓаните да користитат јавен транспорт треба да е еден од приоритетите. По примерот на европските зелени градови каде што се мотивираат граѓаните да користат еколошки јавен превоз, апелираме до градот Скопје уште поинтензивно да се вклучи во борбата против аерозагадувањето.