ДОМ: Притворањето на Моника е потврда за потребата од декриминализација на канабисот за лична употреба

Притворањето на активистиката за легализација на канабисот, Моника Ристеска, за 15 грама канабис и 30 мл масло од канабис, е потврда за потребата од декриминализација на канабисот за лична употреба.

Ставот на ДОМ е дека секој полнолетен граѓанин треба да има право на слободен избор дали ќе употребува канабис и за тоа не треба да биде третиран како криминалец. Потребна е промена на законската регулатива во насока на декриминализација на канабисот за лична употреба и подобар пристап до лекови од канабис.

Декриминализацијата и депенализацијата на употребата на канабис за рекреативни цели е тренд во државите во ЕУ, а Канада и неколку држави во САД веќе ја легализираа рекреативната употреба на канабисот.