ДОМ: Честит 11 Октомври, ден на македонскиот непокор!

ДОМ им го честита 11 Октомври, Денот на востанието, на сите Македонци во светот и на сите граѓани на Република Македонија. На тој ден во Прилеп и Куманово беше најавена борбата на македонскиот народ и сите прогресивни граѓани против фашизмот, а за национално и социјално ослободување. Оваа праведна борба доведе до АСНОМ и до формирање на македонската држава.

Во чест на денот на македонскиот непокор, делегација на ДОМ положи цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје и оддаде почит на паднатите борци за слобода на Македонија. Делегацијата беше во состав: Христа Најданов, генерален секретар и советник во Градот Скопје, Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина, Силвана Кржовска, потпретседателка на Форумот на жените и Слаѓана Стаменкова-Томиќ, претседателка на Комисијата за животна средина.

Нека ни е честит и вечен празникот, Македонијо!