Делегација на МОДОМ предводена од претседателот Бојан Петровски и членовите на Извршниот одбор Маја Сиљаноска, Славе Станчев и Верица Стефановска, во периодот од 5 до 8 октомври во Бристол, Велика Британија беа дел од конференција на Зелената партија на Англија и Велс.
На конференцијата МОДОМ имаше работни средби со високи политички претставници. Активностите на МОДОМ и ДОМ како зелена партија и меѓусебна соработна беше потврдена на средбата со лидерите на Зелената партија на Англија и Велс, Siân Berry и Jonathan Bartley.
Активностите на пратениците и поддршката во рамки на законодавниот дом и зелените активности во Македонија продолжува. На средбата со Caroline Lucas пратеничката од Зелените на Англија и Велс во парламентот на Велика Британија, разговарано беше за активностите на пратеничките од ДОМ и борбата за зелена Македонија и законите во рамнки на зелената идеологија.
Во текот на конференцијата на огромно задоволство МОДОМ оствари средба и со Sarah Margaret “Molly” Scott Cato европратеник од страна на Зелената партија на Англија и Велс. На средбата се разговараше за европската перспектива на Македонија и предизвиците и ситуацијата со референдумите во двете земји.
Соработката со младинската зелена организација на Англија и Велс продолжува и во наредниот период каде што во текот на наредните месеци ќе биде организирана заедничка конференција во Македонија.