По примерот на другите градови кои од 2000 година го организираат и практикуваат овој ден и Скопје и ние како Зелена партија ДОМ ја подржуваме оваа акција каде целта е барем еден ден да биде поинаков од останатите, граѓаните да се поттикнат да макар за еден ден да ги остават своите автомобили и да размислат за користење на здрав транспорт како што е одење пеш, возење на велосипед или користење на јавниот превоз. Денот треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.
Ги охрабруваме и компаниите да ја покажат својата општествена одговорност. Во околината во која делуваат да покажат дека се грижат за здравјето на своите вработени. Да ги охрабрат своите вработени во користењето на здрав транспорт. Тоа може да биде безбеден вело-паркинг за своите вработени или награди за оние кои користат јавен транспорт, велосипед или доаѓаат пеш.
Ве покануваме оваа сабота 22 септември во 11 часот пред централната канцеларија на ДОМ во Скопје со велосипед, ролели, тротинети или пеш заедно да учествуваме во овој настан.
“КОМБИНИРАЈ и ДВИЖИ СЕ“