Делегација на ДОМ положи свежо цвеќе по повод 8 Септември

По повод државниот празник 8 Септември, денот на независноста и самостојноста на Република Македонија делегација на ДОМ положи свежо цвеќе на споменикот „Ослободителите на Скопје“. Делегацијата ја предводеа Ана Петровска, Државен секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Димитровски советник во Опшина Гази Баба и Христина Оџаклиеска советничката во Општина Кисела Вода.