По повод националниот празник Илинден, делегација на ДОМ денес положи свежо цвеќе на спомениците во Скопје.
Делегацијата на ДОМ која ја предводеа, пратеничката Маја Морачанин, државниот секретар на Министерството за животна средина Ана Петровска и директорот на Агенцијата за подршка и развој на туризмот Љупчо Јаневски, се поклони пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов –Ченто.