ДОМ го честита големиот празник Илинден

ДОМ им го честита големиот празник Илинден на сите граѓани во Република Македонија и на сите Македонци во светот, со желби за напредок на државата и спокоен и квалитетен живот на нејзините граѓани.

На Илинден пред 74 години, со АСНОМ се поставени темелите на македонската држава и ова е момент за славење и гордост. Македонија опстојува и ќе опстои и покрај многуте предизвици, зашто има добри и мудри луѓе кои силно ја сакаат и кои знаат да го изнајдат вистинскиот пат кон  силна и стабилна држава, со среќни граѓани.

Нека ни е честит Илинден!