МОДОМ јавно реагира и прашува зошто на велосипедска патека е поставена автобуска постојка? Кој е одговорен и одобрува такви просторни решенија?
Велосипедската инфраструктура е многу важна за зачувување на здравата животна средина, спречување на метежот и гужвата во градот како и здравиот живот на луѓето. Узурпацијата на јавниот простор треба да биде минато.
МОДОМ апелира до надлежните во иднина да се спречат ваквите просторни решенија и да се спречи узурпација на јавниот простор. Одржливи и безбедни велосипедски патеки мотивираат користење на велосипед за транспорт.