ДОМ во кампањата на Европските Зелени по повод Меѓународниот ден на жените

Во собранието на Република Македонија, 37 % од пратениците се жени. Тоа се должи на родовните квоти во изборниот законик според кој 40 % од кандидатите на листите за пратеници и советници треба да бидат жени. Ние како зелена партија се залагаме за унапредување на родовата еднаквост и затоа предлагаме 50% од кандидатите за пратеници и советници на изборните листи да бидат жени. 

 Исто така, потребно е воведување на квоти за градоначалнички со кои најмалку една третина од кандидатите за градоначалници ќе бидат жени. Зошто се потребни повеќе жени во политиката? Едноставно, затоа што 50% од населението се жени. Ние како жени имаме свои барања, идеи, визии и интереси кои можат да се остварат само доколку има повеќе жени вклучени во политичкиот живот. 

Затоа ги охрабрувам жените активно да се вклучат во политичкиот живот. Во пресрет на меѓународниот ден на жената ги повикувам граѓаните да се приклучат кон маршот за правата на жените на 8-ми март.