Поповска: Македонскиот Клуб на парламентарки ги кани грчките парламентарки на соработка

Клубот на парламентарки во Собранието на Република Македонија има две насоки на делување: кон внатре, за поддршка на парламентарките за носење закони во интерес на родовата рамноправност и кон надвор, за поддршка на државата во нејзината меѓународна соработка.

Како прв клуб во регионот, нашиот Клуб на парламентарки со години е пример за жени од други парламенти како може жените да се обединат околу за нив битни прашања, надминувајќи ги политичките, етничките и верските граници. Ние со задоволство сме ги споделувале своите искуства со жени од Црна Гора, БИХ, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Молдавија, Украина, Белорусија, од арапски и африкански земји.

Сме подавале рака надалеку, но сме пропуштиле да се поврземе со најблиските, со жените од Република Грција. Не успеаја досегашните обиди за формирање група за пријателство, но можеби клучот лежи во женски раце. Предлагам да подадеме рака и македонскиот Клуб на парламентарки да ги покани грчките парламентарки на соработка. Ова би била мисија на добра воља и воспоставување трајно пријателство меѓу македонските и грчките жени, а со тоа и меѓу нашите држави.

Ова би било природно продолжение и признание за еден благороден гест од декември 2002 година, кога Грцијададе донација за отворање канцеларија на Македонското женско лоби, преку Пактот за стабилност на Југоисточна Европа и Работната група за родова рамноправност, т.н. Џендер Таск Форс (ГТФ). Посредници беа тогашните ко-претседавачи на Работната маса за демократија и човекови права, Александрос Рондос и Игор Џундев, високи претставници на двете министерства за надворешни работи. Двајцата беа присутни и на формалното отворање на канцеларијата.

И додека ние како пратенички славиме јубилеј, редно е да им се заблагодариме на придонесот на многуте жени од Македонското женско лобикои се бореа за повеќе жени во Парламентот, иако никогаш не станаа дел од него. Тие беа дел од Работната група на Лобито:

Од Владата:

  • Елена Грозданова, контакт лице за ГТФ од Влада,Министерство за труд и социјална политика;
  • Јована Тренчевска, Министерство за труд и социјална политика.
  • Од невладиниот сектор (претседателки и активистки):
  • Мрежата СОЖМ (Савка Тодоровска, контакт лице за ГТФ од НВО, Светлана Јанева);
  • Мрежата ОЖМ (Мирјана Димовска, Милка Ристова, Артемис Периќ);
  • Мрежата САЖМ (Мукереме Руси – до конфликтот 2001);
  • Одборот за мировни и граѓански иницијативи (Теута Крашница-Чучкова, Вера Весковиќ-Вангели);
  • Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените „ЕСЕ“ (Даниела Димитриевска, извршна директорка на МЖЛ);
  • Здружението „Жената и семејството“ (Ѓулумсер Касапи, сега кординаторка на Клубот на парламентарки);
  • Здружението на жените Турчинки (Дрита Карахасан);
  • Здружението на жените Турчинки „Дерја“ (Сузана Мусли);
  • Здружението на Македонки муслиманки „Радика“ (Азиза Асановска);
  • Здружението на жените Ромки „Есма“ (Надире Селман);
  • Мрежата на жените Ромки „Даја“- Куманово (Дилбера Камберовска);
  • МЦМС (Неда Малеска-Сачмароска);
  • Женската програма при ФИООМ (Марија Савовска);
  • Здружението за борба со ракот на дојката „Животна искра“ (Виолета Томовска, Теута Крашница Чучкова);
  • Здружението на жени претприемачки „Арна“ (Марија Жакова, Кристина Кацарска);
  • Организацијата на жени Свети Николе (Вера Златева, Радмила Сандева);
  • Организацијата на жени од медиумите „УМАМ“ (Билјана Бејкова);
  • Здружението за правата на Ромките „Лулуди“ (Кимета Амет);
  • Здружението „Женска акција“ (Драгица Милошевска);
  • Женскиот центар – Куманово (Тања Крстевска, Виолета Петровска);
  • Женскиот форум – Тетово (Џане Крешова);
  • организацијата на жени на Град Скопје (Томка Дилевска).
  • Од политичките партии (претседателки на женските секции и активистки):
  • СДСМ (Елеонора Петрова-Митевска, контакт лице за ГТФ од Парламентот, Снежана Орловиќ, првата асистентка на Клубот);
  • ВМРО-ДПМНЕ (Мирјана Русевска);
  • СПМ (Вера Черепналковска, Аница Пупиновска);
  • ПДП (Дрита Исени, Фердезе Сулејмани – подоцна независни);
  • ВМРО-Вистинска (Дафина Саздова – подоцна ВМРО-ДПМНЕ);
  • ЛП (Голубка Нечевска-Цветановска, Лидија Неделковска);
  • ДПА (Пунторие Зиба, Флорија Љатифи – подоцна независни);
  • ДА (Виолета Аларова – подоцна ВМРО-ДПМНЕ)
  • ЛДП (Лилјана Поповска – подоцна ДОМ, член на Советодавниот одбор и координаторка на Лобито).

Од академската сфера:

  • Гордана Силјановска-Давкова, професорка по уставно право и експерт за родова рамноправност;
  • Слободанка Марковска, професорка и основачка на Центарот за родови студии;
  • Катерина Колозова, експертка за родови прашања, „Евро-Балкан“
  • Љубинка Басотова, професорка на класични студии;
  • Анастасика Поповска, професорка на Медицински факултет.

Од синдикатите:

– Женска секција на синдикатите (Лилјана Јанкуловска);

Од медиумите (новинарки и уреднички):

Катица Трајковска, Валентина Новковска Трајковска, Аида Николовска, Емилија Зографска, Билјана Јанакиевска, Мирјана Миленковиќ, Виолета Зајкова, Валентина Базерко, Радица Величковиќ.

Индивидуалки:

Есма Реџепова, Виолета Дракулевска, Лирие Шабани, Вања Михајловска, Пенелопа Ѓурчилова, Виљдан Хаџимухарем, Ремзие Доко, Мергиме Ајдини, Светлана Каровска, Олга Тодосова, Афердита Хаџијаха-Имери.

Како што се гледа од составот на Работната група на Македонското женско лоби, само 3 станаа парламентарки, додека другите заслужуваат посебно признание, зашто се бореа несебично за други жени, за каузата во која веруваа.

Како парламентарки, имаше повеќе активни, но посебно сакам да ги споменам во заедничките борби за еднакви можности следниве колешки:

  • Елеонора Петрова-Митевска, Цветанка Иванова, Благородна Мингова-Крепиева, Каролина Ристова Астеруд, Тања Томиќ, Светлана Мазгалоска-Вучетиќ, (СДСМ);
  • Силвана Бонева, Лилјана Кузмановска, Лилјана Затуроска, Катерина Димоска, Даниела Рангелова (ВМРО-ДПМНЕ);
  • Зумрете Јакупи, Селвие Салиу, Вјолца Мехмети Нуредини (ДУИ);
  • Соња Мираковска (НСДП);
  • Флора Кадриу (ДПА – подоцна НД);
  • Ристана Лалчевска (ЛП).

Благодарност и до легендарната Соња Локар, како координаторка на целата регионална мрежа на ГТФ и нејзина иницијаторка, како и на Меријен Рукавина, сегашна извршна директорка на ГТФ.

            Благодарност и до сите меѓународни организации кои со години го поддржуваат Клубот на парламентарки, посебно NDI, IRI, UN Women и др. организации и поединци, граѓани.

            Направивме доста, а имаме уште многу работи за правење. Но се едуцираа нови генерации и спокојно го завршувам овој мандат.