ДОМ одржа седница на Централниот одбор на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација, како и за организациски прашања. Во повеќечасовната дискусија беше дискутирано за проблемите во спроведувањето на реформите, кои се неопходни за спречување на иселувањето, посебно на младите луѓе. Членовите изразија и загриженост за идентитетските прашања, во кои се задира по повеќе основи. Побараа надминување на поделеноста на општеството по сите основи, која, заедно со исклучивоста, се особено штетни во овие моменти.
На седницата беа донесени повеќе заклучоци:
1. ДОМ ќе продолжи да ги поддржува процесите на евро-атланска интеграција на Република Македонија, кои ги гледа како единствена алтернатива за стабилност и просперитет на земјата.
2. ДОМ ќе продолжи со поддршката на реформските процеси во насока на градење правна држава со висок квалитет на живеење, спремен да даде придонес во повеќе области, особено во областа на животната средина.