Македонија се гуши во смог со астрономски вредности и секое намалување на загадувањето значи спасено здравје и живот на граѓаните. Да не се обесхрабруваме дека не можеме да го сведеме загадувањето на нула, туку да дејствуваме за намалување на штетите со итни мерки, а паралелно со нив да ги започнеме среднорочните и долгорочните мерки.
Итни мерки од денес:
- Воведување пар-непар режим за возилата
- Бесплатен јавен превоз
- Забрана за тешки товарни возила низ град
- Забрана за возила под Еуро 4 стандард
- Затворање на градилиштата
- Преполовување на производството на индустриските објекти што загадуваат
- Редовно собирање на отпадот
- Редовно миење на улиците
- Зголемени инспекциски контроли на општинските и државните инспектори за животна средина
- Ослободување од работа на бремените жени и лицата со респираторни и кардиоваскуларни болести.
Среднорочни мерки за период од 1 до 3 месеци:
- Носење на Законот за урбано зеленило кој е во собраниска процедура
- Пропишување листа на дозволени горива во домаќинствата и индустријата (со забрана за нееколошки пелети со лепила)
- Теренска контрола за почитување на листата од страна на комунални и инспектори за животна средина
- Субвенции за печки на пелети, сончеви панели за топла вода, изолација на домовите
- Субвенции за вградување плински уреди во возила што загадуваат
- Субвенции за хибридни и електрични возила
- Зголемување на возниот парк во јавниот превоз со електрични автобуси
- Набавка на опрема за уништување на медицински и друг биолошки отпад во Дрисла(што е обврска на концесионерот).