ДОМ: Потребен ни е применлив и функционален закон за јазици

На денешното гласање за законот за употреба на јазиците во прво читање пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, не гласаа ниту за ниту против законот. Тие ја поддржуваат идејата за унапредување на јазичните права на секој граѓанин во Република Македонија, но сметаат дека предложениот текст на законот е тешко применлив и нефункционален. Затоа во следниот период ќе се вклучат во амандманско подобрување на текстот.

Гласањето по овој закон го потврди демократскиот капацитет на парламентарното мнозинство и правото на секој пратеник да гласа според свое лично убедување.