Советник од Oпштина Лозово премина во ДОМ

Советникот од Oпштина Лозово, Влатко Стојановски од коалициската листа на ВМРО – ДПМНЕ премина во редовите на ДОМ. Денеска членови од раководството на ДОМ и МОДОМ заедно со пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачaнин остварија средба со новиот советник и со раководството на Општинската организација на ДОМ во Лозово.

 На средбата на која присуствуваше и новиот градоначалник на Лозово Ацо Велковски се разговараше за развојот на општината и приоритетните инвестиции што се планираат да се направат во системите за наводнување и водоснабдување како и други можности за локален економски развој.

Се иницираше и изнаоѓање на автохтон локален прехрамбен производ по кој општината ќе биде препознатлива и ќе се поттикне развојот на руралниот туризам.