Синоќа ДОМ одржа партиска конвенција за настап на локалните избори 2017 година. Со конвенцијата претседаваше пратеничката и претседателка на Форумот на жени, Маја Морачанин.
Делегатите донесоа конечна одлука за заеднички настап со коалицијата предводена од СДСМ. Оваа одлука следеше по позитивниот став на Централниот одбор на ДОМ во однос на предлогот на СДСМ. Во дискусиите беше ценета вкупната политичка ситуација во земјата и потребата за продолжување на реформските процеси, преку обединување на силите.