ДОМ: Честит 8 Септември и да одиме напред

ДОМ им го честита 8 Септември, Денот на независноста, на сите граѓани на Република Македонија, со желби да ја чуваме и градиме во духот на единството, како просперитетна држава, со силни граѓани, правда и демократија!

Задача на оваа генерација е да гради сегашност која ќе создаде одржливост за иднината.  Да бидеме достојни на своите визионерски претходници и одговорни пред нашите наследници!