По повод националниот празник Илинден, делегации на ДОМ денеска положија свежо цвеќе на спомениците во Скопје и Крушево .
Делегација на ДОМ која ја предводеа претседателката Лилјана Поповска, пратеничката Маја Морачанин и Организациониот секретар на ДОМ Љупчо Јаневски, се поклони пред споменикот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, а делегација на членови на Централниот одбор Зекија Мемедова Христова и Соња Костадиновска Петковски положи цвеќе на спомениците на Борците од АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов-Ченто.
Делегации од општинските организации на ДОМ од Прилеп Миле Настески , Николина Талимиџиоска и Дарко Стојаноски положија цвеќе на споменикот на Мечкин Камен во Крушево.