ДОМ со осуда за нападот врз Тодоров

ДОМ упатува најостра осуда кон денешниот напад во кој беше пукано во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Недозволиво е насилство од било кави побуди.Нашата порака е да се дозволи институциите да си ја вршат својата работа професионално и коректно.

Очекуваме надлежните органи целосно да го расветлат случајот.