Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин, учествуваше на интернационалниот семинар во рамките на Конгресот на Шведските Зелени, кој се одржува овој викенд во Линкопинг. Како панелистка таа говореше за политичката состојба во Македонија, корупцијата како еден од најгорливите проблеми во општеството и за визијата за дејствување на Зелените по светскиот конгрес во Ливерпул.
Во рамките на посетата, Морачанин оствари средби со шведската Вице-Премиерка, Изабела Ловин и со Министерот за образование, Густав Фридолин. Беше информирана дека шведската влада, во која учествуваат и зелените, има позитивен пристап кон процесот на проширување на ЕУ, зашто тој процес го унапредува развојот на деморатијата, почитувањето на човековите права и слободи, како и владеењето на правото во земјите аспиранти.
Во разговорите со раководството на Шведските Зелени беше договорена поинтензивна соработка на ДОМ со оваа партија и пренесување на нивното богато искуство во изградбата на висока еколошка свест и стандарди за живеење.