ДОМ: Мандатот – почеток на мирен трансфер на власта

ДОМ го поздравува давањето мандат за формирање Влада на Зоран Заев од страна на Претседателот Иванов и го смета за важен чекор кон смирување на политичката криза. Ова е почеток на мирен трансфер на власта кој и е неопходен на Македонија, за да се конституираат институциите и да се обезбеди стабилна и демократска правна држава.

Апелираме до сите политички субјекти да придонесат во овој процес и да им дадат шанса на македонските граѓани да излезат од маѓепсаниот круг на делби, омраза и меѓусебно ништење. Сите треба да дадеме прилог кон надминување и на етничките тензии кои повторно станаа дел од опасни балкански сценарија.

Да се обидеме сегашнава дестабилизација во регионот да ја свртиме во полза на Република Македонија и нејзиното меѓународно позиционирање во ЕУ и НАТО, како наши долгорочни стратешки приоритети.