Петиција: Бесплатен јавен превоз за време на екстремна загаденост!

Бараме Градот Скопје да овозможи бесплатен јавен превоз за време на екстремна загаденост, за да се преполови бројот на автомобили на улиците, а со тоа и загадувањето од издувни гасови.

Веќе подолг период во воздухот има 5-20 пати повеќе ПМ10 честички. Последната студија на Институтот за јавно здравје во соработка со фински експерти покажа дека аерозагадувањето е причина за 1.300 смртни случаи и 250 милиони евра финансиска загуба годишно, а дека сообраќајот е меѓу најголемите загадувачи во Скопје.

Во прилог е линкот кој ќе Ве одведе до петицијата:

https://goo.gl/bSyXa4