ДОМ на Централен одбор за оценка на изборите и политичката ситуација, како и за подготовка на локалните избори

ДОМ утре ќе одржи седница на Централниот одбор, на која ќе расправа за резултатите од парламентарните избори и учеството на партијата, при што ќе се разгледа и Извештајот на Централниот изборен штаб. Ќе се даде и оценка за актуелната политичка ситуација и насоки за дејствување на ДОМ.

Точка на дневниот ред е и подготовка за локалните избори, кои треба да се одржат за четири месеци. Централниот одбор ќе расправа за критериумите за избор на кандидати за советници и градоначалници.