Со неизмерна тага и болка и со скршени срца ја споделуваме оваа тешка вест. Синоќа трагичнo загина и прерано го загуби својот живот нашата Марија Михајловска. Марија беше пример за човек- жена борец која не признаваше граници на невозможно. Марија се бореше со целото свое срце и битие за подобрување на положбата на младите во политиката и ги кршеше сите бариери на дискримининација.. премалку се сите зборови со кои би можеле да ја опишеме нејзината борба… Марија беше човек со големо срце во кое имаше место за секого.
Телото ќе биде изложено утре, 21.12.2016 (среда) во капелата на Ѓорче Петров од 12:00 до 13:00 часот.
Погребот е од 13:00 часот.
Почивај во мир наша другарке