ДОМ потпиша Декларација за нов Закон за бременоста

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, заедно со претставници на други политички партии, ја потпиша Декларацијата за донесување нов Закон за прекинување на бременоста и овозможување вистинска заштита на здравјето на жените и на нивните репродуктивни права. Овој јавен настан на потпишување на оваа Декларација, што претставува и конкретна заложба на политичките партии во таа насока, беше во организација на Платформата за родова еднаквост.