ДОМ: Поддршка за ДОМ од Европските и Балаканските Зелени

Во рамките на Конференцијата на балканските зелени партии, што ја организираше ДОМ и која се одржа на 26 и 27 ноември во Скопје, беше организирано и присуство на претставници на Европските Зелени и на балканските зелени партии, на митинзите на Коалицијата предводена од СДСМ, во општините Ѓорче Петров и во Карпош. Притоа на овие митинзи јавно беше изразена благодарност за нивното присуство и за нивната поддршка за опозицијата во пресрет на парламентарните избори.

ДОМ, исто така, доби нагласена поддршка за своите предизборни активности и за својата Програма со која настапува на овие избори, од страна на Европските Зелени и од Балканските зелени партии.

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска посебно нагласи дека зелените политики го обединуваат Балканот и Европа и дека приоритетите од Програма на ДОМ се проевропски и се во полза на подобрувањето на животот на граѓаните во Република Македонија. Тие главно се однесуваат на развојот на зелената економија и на отворањето зелени работни места, на користењето обновливи средства за енергија, на управувањето со водите и отпадот, на социјална правда, почитување на човековите права и слободи и друго.