Конференција на балканските зелени партии

ПОКАНА

Конференција на балканските зелени партии

“Озеленување на балканските економии“

26 – 27 ноември 2016 година, хотел Холидеј Ин, Скопје

Почитувани,

Чест ни е да Ве поканиме на конференцијата “Озеленување на балканските економии“, што ќе се одржи од 26 до 27 номеври 2016 година, во хотел Холидеј Ин, Скопје. Организатори се Демократската обнова на Македонија (ДОМ) и Балканската мрежа на зелени партии, во соработка со Европската Зелена Партија (EGP).

Конференцијата е во рамките на тридневното советување на балканските зелени партии, со цел да се договорат идни заеднички активности, но и да ја поддржат ДОМ како сестринска партија во изборната кампања на Парламентарните избори 2016. Тема на конференцијата е зелената економија и зелените работни места, кои се централен дел од изборната програма на ДОМ, која ќе биде презентирана.

Учесниците ќе споделат добри практики и ќе разменат искуства за потенцијалите за отворање нови зелени работни места во регионот. Ќе се дискутира и за воведување правичен данок, како предуслов за озеленување на домашните економии. Сево ова се алтернативните политики кои на Балканот му ги нудат зелените партии.

Учесници ќе бидат претставници од Европската Зелена Партија, од зелените партии од Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Црна Гора, Србија и Турција, како и од Мрежата за соработка и развој на Источна Европа (CDNEE). Од Република Македонија се поканети политичари, граѓански активисти, експерти и претставници на институциите.

Меѓу говорниците има искусни политичари и активисти од Европа и Македонија, меѓу кои и Евелин Хајтеброк, поранешна белгиска министерска за животна средина, а сега членка на Извршниот одбор на Европската Зелена Партија, Ведран Хорват, поранешен директор на Фондацијата „Хајнрих Бел“, како и претставник од Гринпис за Источна Европа.

Пријавување за учество и дополнитени информации на: 076/311-601, 078/404-165, како и на е-пошта: dommakedonija@yahoo.com

Нацрт АГЕНДА

Конференција на Балканските зелени партии

“Озеленување на балканските економии“

26 – 27 ноември 2016 година, хотел Холидеј Ин, Скопје

Сабота, 26 ноември 2016
11.00 – 11.20

Официјално отворање на конференцијата и поздравни обраќања:

Модератор: Симона Сарделиќ, секретар за меѓународна соработка на ДОМ

Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ

Борислав Сандев, ко-претседавач на Балканската зелена мрежа, Бугарија

Весна Јусуп, асистент за меѓупартиска соработка на Европската Зелена Партија, Брисел

11.20 – 12.00

Воведна сесија за климатските промени и зелената економија:

Драгана Милеусниќ, кординатор за енергетски политики за ЈИЕ, Клима Акција Европа – Брисел, Белгија, Сите лица на Парискиот договор за климатски променинеговите импликации врз регионалните климатски и економски политики и акции

12.00 – 12.30

Европска Зелена Партија, Презентација на кампањата за намалување на зависноста од фосилни горива

Весна Јусуп, Европската Зелена Партија

12.30 – 13.00 Пауза
13.00 – 13.40

Зелена економија денешна парадигма за иднината

Модератор: Жаклина Живковиќ, ко-претседавачка на Балканската зелена мрежа, Србија

Ведран Хорват, поранешен директор на Фондацијата „Хајнрих Бел“, Директор на Институтот за политичка екологија

-Дискусија

13.40 – 14.40

Панел дебата: Зелена економија:промена на умот, енергија и политика

Модератор: Наташа Амдију, Зелен институт, Македонија

Стеван Петровиќ, Белградска отворена школаЦентар за Евроинтеграции, Зелени совети и соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти, Поглавје 27 за исполнување на условите за пристапување кон ЕУ

Маја Морачанин, ДОМЗелена економија како политичко прашање и прв приоритет

Ервин Реџепагиќ, ДОМ – Пристапувањето во ЕУ како движечки мотор за зелена економија, пр.: обновливите извори на енергија

-Дискусија

14.40 – 15.40 Ручек
15.40 – 16.45

Панел: Зелената економија како фактор за трансформација

Модератор: Наташа Глигоријевиќ

-Евелин Хајтеброк, поранешна министерка за животна средина,членка на Извршниот одбор на Европската Зелена Партија – Перспективи на Европските Зелени, Презентација на Белгиската иницијатива „Алијанса за зелена економија“ 2009-2014

Невена Смилевска,Еко-свест-Компаративна анализа на вработувањата во секторот јаглен наспроти обновливите енергии и енергетската ефикасност

Иван Кардум, Хрватска – Етичко банкарство

– Дискусија

  Недела,27 ноемрви 2016
10.00 -11.30

Најдобри пракси од регионот и Европа:

Модератор: Борис Бочварски, Неформална зелена парламентарна група, Србија

Ирина Јаневска, „АРНО“ –Филантропијапреку зелени идеи (tbc)

Баже Јосифовски, Извршен директор на Асоцијацијата“Ајде Македонија”Нула отпадопштини

Антонио Јовановски, „Гоу Грин“ – Создавање нови генерации за климатана иднината, улогата на образованието во процесот натранзицијата на животната средина

Христина Оџаклиевска, ДОМ – Првиот изработен еколошки отпечаток врз користено земјиште во скопскиот регион (ecological footprint)

– Дискусија

11.30 – 12.00 Пауза
12.00 – 12.45

Затворање на состанокот на Балканската мрежа:

Зелена визија за Балканот

Модератори:

Валентин Тасески, ДОМ

Евелин Хајтеброк, поранешна министерка за животна средина,членка на Извршниот одбор на Европската Зелена Партија