МОДОМ ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Бојан Петровски член на претседателството на МОДОМ заедно со уште 22 претставници на политички подмладоци ја потпиша декларацијата за фер и демократски избори иницирана од Институтот Охрид.


Политичките подмладоци со потпишувањето на декларацијата се обврзаа дека ќе учествуваат во политичката кампања и изборниот процес, дека достоинствено ќе ги промовираат партиските програми и заложби, ќе покажат политичка култура и ќе ги почитуваат програмите на партиските опоненти. Потписниците исто така ќе го осудат секој чин на насилство и ќе се залагаат во ниту еден момент да не се посегне по инструменти на закана и заплашување кон своите политички неистомисленици.