Поповска: На изборите желбата за правда ќе го победи стравот!

(видео снимка)

Во поглед на условите за изборите, Поповска смета дека постојат минимум услови поради намалениот број на фантомските гласачи/манипулативни имиња и донесената измена на законот каде што ќе мора да се има фотографија при гласањето и на тој начин ќе се намали можноста и ќе се обесхрабрат дел од извршувачите на наредбите да се појават со лажна лична карта.

Поповска се согласува дека не се сите услови исполнети за фер и демократски избори, на пример сеуште постојат околу 60.000 фантосмки гласачи затоа што ДИК одби да ги провери шесте илјади граѓански пријави што претставуваат вкупно околу 60.000 граѓани. Но сепак, Поповска е уверена дека желбата за правда кај народот ќе го победи стравот.

Ова беше дел од дебата помеѓу Лилјана Поповска од ДОМ и Ана Глигорова од ЛЕВИЦА кои беа гости во емисијата на Биљана Секуловска- Студио со, НОВА ТВ.