Ко-претседателот на Европските Зелени, германскиот европратеник Рајнхард Бутикофер, ќе биде во работна посета на ДОМ во текот на 23 и 24 септември 2016 година (петок и сабота). Целта на посетата е поддршка на предизборните активности на македонските зелени и средба со раководствата на општинските организации на ДОМ.
Во рамките на посетата, на 24 септември (сабота) со почеток од 11 часот, Бутикофер ќе одржи предавање за придонесот на зелените политики кон демократијата и квалитетот на живеење во земјите членки на ЕУ, со осврт на Република Македонија како земја-кандидат. Предавањето ќе биде дел од меѓународната конференција на Зелениот институт и холандската фондација Биро Де Хелинг, што се одржува на 24 и 25 септември 2016 година во хотелот Порта во Аеродром, Скопје.