Со длабока болка и неверување, соопштуваме дека почина нашиот пријател и колега, Тони Ристов. Го изгубивме Тони, кој беше долгогодишен портпарол на ДОМ и лицето на македонските зелени. Со него изгубивме топол и искрен човек, но и страсен екологист и борец за правда.
Ги известуваме сите членови и пријатели дека од него ќе се простиме утре, на 15 август (понеделник), од 10 до 11 часот во капелата во Ѓорче Петров.
ДОМ,
Сектор за односи со јавност